Достапни линкови

logo-print

Нема задолжително учење на јазиците на другите народи во Русија


Приредба на училиште во Татарстан.

Приредба на училиште во Татарстан.

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша новиот закон за образование, според кој изучувањето на јазиците на етничките заедници во руските републики нема да биде задолжително во училиштата, туку ќе биде изборно. Досега, децата во републиките со доминантно неруско население задолжително го учеа јазикот на мнозинската заедница во републиката, покрај рускиот јазик. Новиот закон поттикна низа протести во неколку региони, како на пример во Татарстан, Башкортостан и Чувашија. Критичарите велат дека новиот закон ќе доведе до изумирање на јазиците на етничките заедници. Неодамна, етничките Руси што живеат во Татарстан протестираа против задолжителното учење татарски јазик во државните училишта.
XS
SM
MD
LG