Достапни линкови

Истекува рокот за донесување на американскиот буџет


Американските пратеници имаат помалку од 20 часа да постигнат договор за буџетот за 2013 година и да спречат САД да падне во тн. „фискална бездна“. Ако буџетот не се донесе до крајот на денот, тоа автоматски ќе значи зголемување на даноците и намалување на расходите за околу 600 милијарди долари што многу веројатно ќе предизвика нова рецесија во земјата. Ако не се донесе буџетот, секој Американец наредната година ќе треба да плати во просек за околу 2000 долари повеќе за данок на доход.
XS
SM
MD
LG