Достапни линкови

logo-print

Нема организиран пречек на Нова Година во Струга


Струга, архивска фотографија.

Струга, архивска фотографија.

Нема да има организиран пречек на Новата Година во Струга. Градоначалникот Рамиз Мерко вели дека граѓаните не покажувале интерес за масовен пречек на Новата Година. Во Струга со години не се организира свечена новогодишна програма на плоштадот.

Општина Струга потроши повеќе пари за новогодишен бонус за советниците, отколку за украсување на градот. Сите советници добија по околу 500 евра за новогодишните празници, односно вкупно околу 800 илјади денари. Од градската каса 600 илјади денари се потрошија за осветлување и украсување на градот со новогодишни реквизити.
XS
SM
MD
LG