Достапни линкови

logo-print

Египетската фунта на рекордно ниско ниво


Египетскиот премиер Хишам Кандил.

Египетскиот премиер Хишам Кандил.

Египетската фунта денеска достигна рекордно ниско ниво, откако Египќаните побрзаа да купат долари на контролираната аукција која е дел од мерките на централната банка за заштита на девизните резерви. Египетската фунта падна за два отсто во текот на денот со што го урна претходното рекордно ниско ниво на вредноста на валутата во однос на доларот од 2004 година. Централната банка, која претходно ја држеше египетската фунта врзана за доларот, потроши повеќе од 20 милијарди долари за одржување на стабилноста на валутата од почетокот на востанието за соборување на поранешниот претседател Хосни Мубарак во 2011 година, што ги избрка странските туристи и странските инвеститори. Премиерот Хишам Кандил ја опиша економијата како кревка и изрази надеж дека во јануари ќе продолжат преговорите со ММФ за кредит од 4,8 милијарди долари.
XS
SM
MD
LG