Достапни линкови

Тачи - Нема да бидам премиер, ама нема да биде ни Харадинај


Лидерот на Алијансата за иднина на Косово Рамуш Харадинај и косовскиот премиер Хашим Тачи.

Лидерот на Алијансата за иднина на Косово Рамуш Харадинај и косовскиот премиер Хашим Тачи.

Косовскиот премиер Хашим Тачи најави дека на следните избори нема да се кандидира за премиер, но додаде дека неговата Демократска партија на Косово нема да го препушти премиерското место на друга партија, пренесува МИА. Тој рече дека партијата ќе победи на изборите и изрази уверување дека и Алијансата за иднина на Косово и нејзиниот лидер Рамуш Харадинај ќе биде дел од владејачката коалиција. Тачи вели дека со Харадинај не разговарал за владина реконфигурација, туку за заеднички цели како европската перспектива и изборни реформи.

Харадинај претходно тврдеше дека постигнал договор со Тачи тој да биде идниот премиер на Косово.
XS
SM
MD
LG