Достапни линкови

Штајнбрук - Меркел е во предност на изборите зашто е жена


Пеер Штајнбру, кандидат за канцелар на германските социјалдемократи.

Пеер Штајнбру, кандидат за канцелар на германските социјалдемократи.

Германскиот политичар кој треба да ѝ се спротивстави на германската канцеларка Ангела Меркел на изборите наредната година, Пеер Штајнбрук, рече дека неговата ривалка има политичка предност зашто е жена. Кандидатот на германските социјалдемократи, во интервју за неделникот Франкфуртер алгемајне зонтагцајтунг, изјави дека Меркел „има бонус затоа што е жена“ и дека таа ужива поддршка кај женските гласачи кои во неа гледаат одлучност. Штајнбрук исто така рече дека канцеларската функција не е доволно платена. Меркел моментно заработува околу 24 илјади евра месечно. Штајнбрук, кој е поранешен министер за финансии, неодамна призна дека во изминативе три години заработил околу 1,6 милиони долари од држење говори.
XS
SM
MD
LG