Достапни линкови

Брахими со старо-нов мировен план за Сирија


Меѓународниот мировен пратеник за Сирија Лахдар Брахими.

Меѓународниот мировен пратеник за Сирија Лахдар Брахими.

Меѓународниот мировен пратеник за Сирија Лахдар Брахими ја повика светската заедница да го прифати предлогот за окончување на 21-месечниот конфликт. Брахими, кој е пратеник на ОН и на Арапската лига, изјави дека планот се базира на пропаднатата мировна иницијатива за која беше постигната согласност во јуни во Женева. Предлогот, кој предвидува прекин на огнот и формирање нова влада, не одговара на прашањето за судбината на претседателот Башар ал-Асад што предизвикува приговори од сириската опозиција. Русија, пак, соопшти дека „нема можност“ Асад да се повлече. Брахими ја оцени состојбата во Сирија како „многу, многу лоша“ и рече дека само политичко решение може да спречи земјата да се претвори во „пекол“. Се проценува дека досега во конфликтот во Сирија загинале околу 44 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG