Достапни линкови

Проблеми си сопирачките ја предизвикале авионска несреќа кај Москва?


Спасувачите велат дека проблеми си сопирачките можеби ја предизвикале вчерашната авионска несреќа на московскиот аеродром Внуково, кога загинаа четворица членови на екипажот, а четворица други беа сериозно повредени. Неименуван извор од аеродромските служби за итни случаи за новинската агенција Интерфакс изјавил дека авионот Тупољев Ту-204 не почнал да забавува откако слетал на пистата што укажува на проблеми со сопирачките. Авионот на компанијата Ред вингс потоа удрил во оградата на аеродромот и се скршил на неколку дела по што избувнал пламен. Во авионот немало патници, туку само членови на екипажот. Авионот се враќал празен од чешкиот град Пардубице каде што оставил руски туристи за Нова Година.
XS
SM
MD
LG