Достапни линкови

Јордан подготвен за опасноста од хемиски напад од Сирија


Претседателот на Сирија Башар ал Асад

Претседателот на Сирија Башар ал Асад

Јордан е подготвен да се избори со можната опасност од хемиско оружје кое наводно се заканува од соседна Сирија, но нема да се придружи ниту на еден сојуз, како би се заштитил, соопштуваат денеска властите во Аман.

Јордан, САД и други земји веруваат дека претседателот на Сирија Башар ал Асад во обидот да ја спаси својата власт од оружениот бунт против него може да употреби и хемиско оружје, како крајно средство.

Министерот за информации на Јордан Сами Мајата во изјавите што ги пренесуваат медиумите не кажува податоци за способноста Јордан да се справи со евентуален хемиски напад, но според други владини претставници, американски и британски воени стручни лица ги обучувале службите за цивилна заштита за одбрана од хемиски напад.

Министерот Мајата рекол дека војната во Сирија се одразила и на Јордан,каде сега живеат 275 илјади бегалци од Сирија.
XS
SM
MD
LG