Достапни линкови

logo-print

Украина го укинува задолжителното служење војска


Украински војници.

Украински војници.

Украина соопшти дека во 2013 година ќе го укине задолжителното служење војска и ќе премине на професионализација на армијата. Министерот за одбрана Павло Лебедев го соопшти ова во неговото празнично обраќање и рече дека министерството прави „кардинални промени“. Украина има 184 илјади војници и е петта најголема армија во Европа. Министерството за одбрана има цел во наредните пет години да ги сведе вооружените сили на 70 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG