Достапни линкови

Либерман и официјално обвинет за злоупотреба и за измама


Поранешниот шеф на израелската дипломатија Авигдор Либерман.

Поранешниот шеф на израелската дипломатија Авигдор Либерман.

Израелското Министерство за правда соопшти дека поранешниот шеф на дипломатијата Авигдор Либерман и официјално е обвинет за злоупотреба на службената положба и за измама. Либерман овој месец се повлече од функцијата кога обвинителството соопшти дека подготвува обвинение против него. Тој е обвинет дека унапредил член на дипломатскиот кор како награда зашто го предупредил дека се води тајна истрага за неговите бизиниси. Либерман ги негира обвинувањата. Тој е претседател на десничарската партија Јисраел Беитину, која во коалиција со партијата Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху ќе настапи на изборите на 22 јануари.
XS
SM
MD
LG