Достапни линкови

Што ја одбележа 2012 во светот?


Барак Обама остана претседател на Соединетите Држави, Владимир Путин по четири години си ја врати претседателската фотелја во Кремљ, а Европската унија на секој самит вели дека од другиот ќе почне да излегува од економската криза

Две илјади и дванаесета година, на политички и економски план, во светот главно не донесе големи промени. Барак Обама остана претседател на Соединетите Држави, Владимир Путин по четири години си ја врати претседателската фотелја во Кремљ, Европската унија на секој самит вели дека од другиот ќе почне да излегува од економската криза, Грција остана гневна на Германија, во Сирија режимот на претседателот Башар ал Асад не се предава, Израел ги продолжи нападите врз палестински Хамас во Газа, Иран и Северна Кореја и натаму им се инаетат на западните сили кои бараат да се откажат од нивните нуклеарни програми, во Авганистан и Ирак скоро секојдневни бомбашки напади, а научниците продолжија да предупредуваат на глобалното затоплување и да најавуваат достигнувања кои ќе доведат до смена на досегашното сфаќање на светот кој ете и ваков каков што е сепак, се врти.
Во претстојните недели ќе ја искористам сета моќ на мојата функција да ги ангажирам сите со цел да спречиме натамошни трагедии како оваа. Бидејќи немаме избор. Не можеме рутински да прифаќаме вакви настани. Дали сме подготвени да кажеме дека сме беспомошни пред ваков масакар?

„Кјуриозити“ во мисија на Марс
Масакар во училиште во Њутон.

Масакар во училиште во Њутон.


Како и да е, за секој случај вселенското возило „Кјуриозити“ на американска НАСА е на Марс во мисија да открие дали таму има некакви знаци на живот или услови тој да се развие.

„Мило ми е да ве известам дека Кјуриозити денеска го оствари своето прво успешно возење на Марс. Многу сме возбудени што успеваме во оваа своевидна пресвртница“, изјави кон крајот на август Мајкл Хеверли кој раководи со овој проект на НАСА.

Неколку пати потоа од таму најавуваа големи вести од Марс, но засега тие изостанаа.

Масакар во училиште во Конектикат
Јас не сум кукла. Јас не сум направен од Западот за да одам на Запад или во некоја друга земја. Јас сум Сириец, направен сум во Сирија и ќе живеам и ќе умрам во Сирија.

Но, вестите од светот, посебно оние што би рекле лошите, ги имаше и премногу. Една таква во последните денови од годината стигна од американски Конектикат каде што едно 20-годишно момче со оружје влезе во основно училиште при што уби 20 деца на возраст од шест и седум години и шест учителки.
Сирија.

Сирија.


„Во претстојните недели ќе ја искористам сета моќ на мојата функција да ги ангажирам сите со цел да спречиме натамошни трагедии како оваа. Бидејќи немаме избор. Не можеме рутински да прифаќаме вакви настани. Дали сме подготвени да кажеме дека сме беспомошни пред ваков масакар?“, изјави американскиот претседател Барак Обама по молитвата за жртвите во градот Њутон.

Во сличен напад во едно кино во Соединетите Држави на премиерата на филмот за Бетмен годинава беа убиени десетина луѓе.
Да, сега ние имаме држава. Честитки до сите вас, храбри Палестинци, кои самите успеавте да ја постигнете оваа победа.

Конфликтот во Сирија продолжува

Вести за страдања во текот на годинава постојано пристигаа од Сирија каде што трае скоро двегодишен конфликт меѓу бунтовниците и силите на режимот на претседателот Башар ал Асад.
Гранатирање на Појасот Газа.

Гранатирање на Појасот Газа.


„Јас не сум кукла. Јас не сум направен од Западот за да одам на Запад или во некоја друга земја. Јас сум Сириец, направен сум во Сирија и ќе живеам и ќе умрам во Сирија“, изјави Башар ал Асад по барањето на поголемиот дел од меѓународната заедница да ја предаде власта во Сирија за да се спречи конфликтот во кој досега загинаа неколку десетици илјади луѓе, а стотици илјади ја напуштија земјата.
Реалноста е многу едноставна. Иран е мајстор за збогатување ураниум. Иран никогаш веќе нема да ја суспендира таа програма. Меѓународните контролори не најдоа оружје

Во обид да го превентира можното најлошо сценарио во регионот, НАТО, по барање од Турција, почна да распоредува ракети од типот Патриот на границата со Сирија.

Израел ги гранатираше палестинските територии
Северна Кореја.

Северна Кореја.


На Блискиот Исток, пак, 2012 година ќе остане запаметена по неколкудневна акција на израелската војска врз позиции на Хамас со цел да ги спречи, како што е соопштено, гранатирањата врз израелската територија. Неколку дена потоа палестинската власт на претседателот Махмуд Абас во Обединетите нации доби статус на земја нечленка на Обединетите нации.

„Да, сега ние имаме држава. Честитки до сите вас, храбри Палестинци, кои самите успеавте да ја постигнете оваа победа“, изјави Махмуд Абас во Рамала, по враќањето од седницата на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.
Изборите покажаа, а она што го зборував тоа и ќе го правам, дека Србија нема да сврти од европскиот пат, дека Србија сака да го заштити својот народ на Косово.

Северна Кореја и Иран не се откажуваат од нуклеарните програми
Северниот дел на Митровица.

Северниот дел на Митровица.


Во 2012 година Западот од една, а Русија и Кина од друга страна, останаа поделени во врска со нуклеарните програми на Северна Кореја и Иран. Повремените контакти на сите инволвирани, остануваа само обиди и повторување на нивните цврсти позиции. Иран со помош на Русија, и покрај санкциите на САД и ЕУ го продолжи збогатувањето ураниум за кој западот мисли дека ќе биде употребен за нуклеарно оружје

„Реалноста е многу едноставна. Иран е мајстор за збогатување ураниум. Иран никогаш веќе нема да ја суспендира таа програма. Меѓународните контролори не најдоа оружје“, изјави иранскиот амбасадор во Меѓународната агенција за атомска енергија Али Азгар Солтанија.
Косово е независна држава. Границите на Балканот нема да се менуваат. Напротив можен е голем договор меѓу Србија и Косово за да работат заедно за доброто на двете земји.

Во исто време и Северна Кореја, која поседува нуклеарно оружје, со новиот и млад лидер Ким Џог Ун и со поддршка од Кина продолжи да му се инаети на Западот и да лансира ракети со долг дострел.
Њу Џерси по ураганот Сенди.

Њу Џерси по ураганот Сенди.


„Ние успешно лансиравме Квангмијонгсонг сателит во ова турбулентно време со што повлекуваме цврста линија на победа во првата година од следните 100 во ерата на Јуче, под рафинираното раководството на саканиот другар Ким Џонг Ун“, изјави Ким Ки Нам, еден од главните членови на Работничката партија на Северна Кореја на прославата во Пјонгјанг во средината на декември по повод лансирањето на сателитот.

Србија и Косово преговараат

Балканот годинава го сврти вниманието на јавноста во светот, но пред сè поради преговорите меѓу Србија и Косово за нивно приближување.
Да се стават овие три членки на групата Пуси Рајот во затвор за нивната слобода на изразување е варварски.

„Изборите покажаа, а она што го зборував тоа и ќе го правам, дека Србија нема да сврти од европскиот пат, дека Србија сака да го заштити својот народ на Косово“, изјави по изборната победа српскиот претседател Томислав Николиќ.
Членките на Пуси рајот.

Членките на Пуси рајот.


Во октомври во Белград и Приштина престојуваа американската државна секретарка Хилари Клинтон и шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон.

„Косово е независна држава. Границите на Балканот нема да се менуваат. Напротив можен е голем договор меѓу Србија и Косово за да работат заедно за доброто на двете земји“, рече Клинтон.

Победивме во чесна и фер битка. Но ова не беше само избор за руски претседател. Тоа беше многу важен тест за сите нас, за целиот наш народ.
Ураганот Сенди во САД, затвор за Пуси рајот во Русија
Американскиот претседател Барак Обама со сопругата Мишел ја прославува изборната победа.

Американскиот претседател Барак Обама со сопругата Мишел ја прославува изборната победа.


Годината во која вниманието на светската јавност беше насочена кон Летните олимписки игри во Лондон и кон Европското првенство во фудбал во Полска и Украина ќе остане запаметена и по неколкуте природни катастрофи како ураганот Сенди кој ги погоди Карибите и источниот брег на Соединетите Држави, но и случајот со руската панк-група Пуси Рајот чие затворање поради песната против Владимир Путин изведена во една московска црква уште еднаш го потсети светот за човековите права во Русија.

„Да се стават овие три членки на групата Пуси Рајот во затвор за нивната слобода на изразување е варварски“, изјави шефот на Амнести интернејшнал во Вашингтон Френк Јанузи.

Путин старо-нов претседател на Русија
Вечерва на овие избори вие, американски народе, не потсетивте дека, иако нашиот пат е тежок, а нашето патување долго, ние можеме повторно да се покренеме и оти во нашите срца знаеме дека на Соединетите Држави допрва им претстои најдоброто.

2012, со некои исклучоци, не донесе поголеми промени што би се рекло на светски кадровски план. И иако изгледаат како исклучоци, тоа не би можело да се каже и за промените на врвот во Северна Кореја, Кина и Русија. Севернокорејците ја продолжуваат династијата на Ким ил Сунг, сега со неговиот внук Ким Џонг Ун, во Кина се случи уште едно подмладување на партиското и државното раководство, а во Русија дојде до очекуваната смена меѓу премиерот и претседателот.
Атина.

Атина.


„Победивме во чесна и фер битка. Но ова не беше само избор за руски претседател. Тоа беше многу важен тест за сите нас, за целиот наш народ“, изјави Владимир Путин по победата на претседателските избори во почетокот на март со што стана јасно дека дотогашниот шеф на државата Дмитри Медведев ќе ја преземе неговата премиерска функција.

Тоа ги разбесни критичарите на руската власт кои протестираа.

Обама доби втор претседателски мандат

Сепак, претседателски избори кои најмногу го свртија вниманието на јавноста во светот беа оние американските со прашањето дали популарниот демократ Барак Обама ќе остане на таа функција или ќе загуби од неговиот републикански ривал Мит Ромни.

„Вечерва на овие избори вие, американски народе, не потсетивте дека, иако нашиот пат е тежок, а нашето патување долго, ние можеме повторно да се покренеме и оти во нашите срца знаеме дека на Соединетите Држави допрва им претстои најдоброто“, изјави на 7 ноември, Барак Обама, кој по втор пат стана и личност на годината во избор на магазинот „Тајм“.

Должничка криза во Европа

И конечно за она што навистина остави, а според многумина експерти, и натаму ќе остава големи траги врз секојдневието не само на оние најпогодените, туку и во целиот свет. Должничката криза во неколку земји членки на Европската унија, особено во Грција, го стави под прашалник постоењето на големиот проект: заедничкиот дом на стариот континент.

„Ова злосторство извршено против грчкиот народ, против земјата, не смее да мине“, изјави Алексис Ципрас, лидер на крајната левица Сириза кој по првите избори не успеа да формира влада, по што тие беа повторени.

Сепак, на големите протести во Грција, Шпанија и Португалија против острите мерки за штедење, Унијата одговори со поголема интеграција, не само политичка туку и банкарска.

„Ние сакаме Грција да остане во еврозоната, но инсистираме да се држи до обврските и да ги спроведе реформите“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел, која за Грците е најголемиот виновник за нивните проблеми.

Можеби како натамошен поттик во излезот од кризата дојде и Нобеловата награда за мир.

„Норвешкиот Нобелов комитет реши Нобеловата награда за мир за 2012 да ја добие Европската унија“, соопшти претседателот на Комитетот Тхорбјорн Јагланд.

И додека сè уште има такви кои предвидуваат големи катастрофи или големи откритија, никој од нив сепак не се осмелува да предвиди дали во 2013 година ќе нема вооружени напади во училишта, ќе нема крвопролевања во Сирија, Авганистан, ќе нема повеќе пари за оружје од за храна и лекови, ќе нема економски кризи и ќе има помалку страдања, повеќе работни места и повеќе љубов, насмевки и среќа. А токму тоа ви го посакуваме и за идната година. Значи ни останува уште да го преживееме крајот на годинава. Среќна нова, почитувани.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG