Достапни линкови

logo-print

Градежен материјал од Египет пренесен во Газа


Неколку тони градежен материјал како што се цемент и челик се пренесуваат во палестинскиот појас Газа, соопштуваат претставници на египетските безбедносни сили. Според нив, акцијата се спроведува во консултација со израелските официјални лица, кои пред два дена во Каиро разговараа за безбедноста на синајскиот полуостров и примирјето меѓу Израелците и палестинското движење Хамас постигнато минатиот месец. Началникот на царинската служба во Газа, Махер Абу Саба потврдил дека во текот на денешниот ден се очекуваат 20 камиони со градежен материјал да пристигнат во појасот Газа преку преминот Рафа.
XS
SM
MD
LG