Достапни линкови

logo-print

Францускиот суд го отфрли контроверзниот закон за оданочување


Франсоа Оланд, француски претседател

Франсоа Оланд, француски претседател

Највисокиот суд на Франција го отфрли планот на владата да ги одданочи годишните приходи над милион евра со стапка од 75 насто. Уставениот Совет одлучил дека контроверзниот закон за данок на францускиот претседател Франсоа Оланд е неуставен. За пресудата на судот одлучувачка не била големината на данокот, туку начинот на кој таа ги дискриминира домаќинствата во зависност од тоа како приходи се дистрибуирани меѓу нејзините членови. На пример домаќинства во кои два члена заработуваат помалку од 1 милион годишно ќе бидат ослободени од данок, додека домаќинство во кое само еден заработува 1, 2 милиони годишно ќе мора да плати данок. Француската влада соопшти дека одново ќе ја разгледува оваа мерка и ќе ја земе предвид одлуката на Судот.
XS
SM
MD
LG