Достапни линкови

logo-print

Протест на опозицијата пред седиштето на ВМРО ДПМНЕ


Од протестите во понеделникот

Од протестите во понеделникот

Членови и симпатизери на опозициските партии од „Сојузот за иднината“ денеска одржаа протестен собир пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје против, како што беше речено, уривањето на демократијата и прекршувањето на Уставот по случувањата во Собранието во понеделникот.
Најавија дека по новогодишните празници, односно од среда, од 18 до 19 часот, во Скопје и во сите останати градови ќе ги продолжат протестите и одржувањето на т.н. народни парламенти.
Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски оцени дека од понеделникот наваму Македонија веќе не е ниту правна, ниту демократска држава.
- Од понеделникот целиот наш народ е ставен пред следниот избор - или ќе прифатиме да наведнеме глава или ќе се кренеме и ќе се бориме за нашата слобода и демократија. За нас во СДСМ и во Сојузот на иднината одлуката е веќе одамна донесена. Враќање назад нема, рече Црвенковски.
На присутните им се обратија и претставнци на другите партии од Сојузот.
Денешниот протест на опозицијата пред седиштето на владејачката партија мина мирно и без индиденти.
XS
SM
MD
LG