Достапни линкови

Индија: шестемина силувачи обвинети за убиство


Индиската полиција ги обвини за убиство шестемина мажи кои неодамна ја силуваа и претепаа 23-годишната девојка која почина синоќа во болница во Сингапур. Претставник на полицијата соопшти дека силувачите, доколку бидат прогласени за виновни, ќе се соочат со смртна казна.
Овој случај беше повод Индијците да излезат на протести низ целата земја, барајќи заштита на жените од сексуално насилство и попстроги казни за сторителите. Индијката која беше силувана неодамна во автобус во Њу Делхи, почина синоќа поради повреди на внатрешните органи во болница во Сингапур. Индиските власти ги повикаа на смиреност сонародниците, кои во знак на протест излегоа на улиците на престолнината.
XS
SM
MD
LG