Достапни линкови

Лавров: Се уште има шанса за решение на сирискиот конфликт


Сергеј Лавров, руски шеф на дипломатијата

Сергеј Лавров, руски шеф на дипломатијата

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров изјави дека се уште постои шанса за преговарачко решение за конфликтот во Сирија. Тој се сретна со медијаторот на Арапската лига и ОН Лакдар Брахими, кој соопшти дека имало две алтернативи за Сирија: политички процес или пекол.
Состанокот на Брахими со Лавров доаѓа веднаш по петдневната посета на меѓународниот посредник во Дамаск, каде што тој се сретна со сирискиот претседател Башар ал-Асад и опозициските групи во Сирија толерирани од страна на режимот. Се очекува Брахими да побара поддршка од Русија за предлогот за формирање преодна влада во Сирија како чекор кон завршување на конфликтот, што според тврдењата на опозицијата одзел повеќе од 45.000 животи од март 2011 година. Во конфликтот, бунтовниците се обидуваат да го соборат претседателот Башар ал-Асад, кој важи за близок сојузник на Москва.
XS
SM
MD
LG