Достапни линкови

Кина усвои закон со кој се штитат старите


Кина усвои закон со кои постарите лица се штитат така што се предвидува младите членови на семејствата почесто да ги посетуваат постарите, соопшти официјален Пекинг. Законот го усвои Народниот национален конгрес и ќе стапи во сила на 1 јули 2013 година. Во текстот на законот се наведува дека членовите на семејствата кои живеат одвоено од постарите, треба почесто да ги посетуваат старите, но во него не се наведува колку често треба тоа да се прави и дали следуваат казни ако не се почитува законот. Во текстот на законот сепак стои дека доколку постарите сметаат дека нивните права и интереси се повредуваат, тие можат да бараат помош од властите или да покренат тужба.
XS
SM
MD
LG