Достапни линкови

Абе ја посети нуклеарната централа Фукушима


Новоизбраниот јапонски премиер Шинзо Абе ја посети нуклеарна централа Фукушима за да се увери во напорите за расчистување на најлошата јапонска нуклеарна несреќа. Облечен во заштитна облека, Абе ја обиколи областа и изјави дека расчистувањето на местото претставува "предизвик без преседан" за Јапонија, истакнувајќи дека успешното затворање на несреќата ќе доведе до реконструкција на Фукушима и Јапонија.
Во март во 2011 година, силен земјотрес предизвика цунами кое ја преплави централата Фукушима и доведе до експлозија која предизвика големи количини на штетни зрачења, по што јапонските власти беа принудени да го евакуираат регионот. По несреќата, Јапонија ги затвори нуклеарните централи што пак предизвика недостиг на енергија во целата земја. Многумина веруваат дека земјата наскоро ќе рестартира некои од нејзините нуклеарни централи.
XS
SM
MD
LG