Достапни линкови

Грузискиот парламент да се врати во Тбилиси


Спикерот на парламентот на Грузија, Давид Усупашвили изјави дека пратениците треба да се вратат во Тбилиси и таму да ги одржат во пролетта 2013 година. Усупашвили соопшти дека враќањето на седиштето на парламентот од Кутаиси во Тбилиси е дел од пакетот амандмани што треба да се разгледуваат на почетокот на следната година. Новата зграда на парламентот во Кутаиси беше завршена на почетокот на годината и пратениците таму држеа седници во октомври. Критичарите сметаат дека поместувањето на парламентот во Кутаиси на околу 230 километри источно од главниот град Тбилиси, каде што се наоѓаат седиштата на сите други државни институции, непотребно ја комплицира комуникацијата меѓу владините служби.
XS
SM
MD
LG