Достапни линкови

logo-print

Обама: Блиску до договор за буџетот


По средбата со врвни лидери од Демократската и Републиканската партија, американскиот претседател Барак Обама изјави дека дошол часот кога мора да се преземе итна акција, алудирајќи на потребата од постигнување на договор за буџетот за наредната година. Обама се сретна со лидерите на Демократската и Републиканската партија во Сенатот и Претставничкиот дом. Американскиот претседател изјави дека се надева на компромис кој ќе бидат подготвени да го презентираат до пратениците најдоцна до утре.
Обама изјави дека е скромен оптимист оти може да се постигне договор што ќе спречи зголемување на даноците и намалување на расходите во вкупна вредност поголема од 600 милијарди долари што може да поттикне нова економска криза во САД, а доколку не биде постигнат договор треба да стапи во сила на 1 јануари 2013 година.
XS
SM
MD
LG