Достапни линкови

logo-print

Мајер: Македонија прави добро што ги брани своите интереси


Поранешниот заменик шеф на ЦИА за Балканот, Стивен Мајер изјави дека САД и Европската Унија се во фаза на опаѓање, и Македонија прави добро што ги брани своите интереси во процесот на интеграциите.
-Мислам дека Македонија на Европската Унија и пристапува на интелигентен начин. ЕУ треба да види дали може да ја натера Грција на некој вид на разумно решение за спорот за името, за кој сметам дека пред се е виновна Грција, а не Македонија. Притоа, размислете внимателно каков однос сакате со Унијата, бидејќи ако сакате полноправно членство, тогаш ги добивате и сите нивни проблеми, вели Мајер во интервју за МИА.
За иднината на Балканот, смета дека границите се уште можат да се менуваат, но не гледа можност за создавање на етнички големи држави.
XS
SM
MD
LG