Достапни линкови

logo-print

ДПМ го поддржува Здружението на новинарите на Македонија


Претседателството на Друштвото на писателите на Македонија, го осуди нападот на новинарите во Собранието на Република Македонија и нивното отстранување од новинарската галерија.
ДПМ, како што се наведува во соопштението, дава целосна поддршка на реакцијата на Здружението на новинарите на Македонија во одбрана на слободата во извршувањето на професионалните обврски и слободата на изразување и се придружува на барањето на ЗНМ за брзо и целосно расчистување на случајот што е без преседан и остава негативни и непредвидливи последици врз демократските процеси во земјата.
XS
SM
MD
LG