Достапни линкови

Нова ротација на мировници на АРМ во Авганистан


Собранието на Република Македонија денеска ја изгласа одлуката за испраќање припадници на АРМ во мировна операција во Авганистан во состав на меѓународните сили за безбедносна подршка на Авганистан - ИСАФ.
Заменикот министер за одбрана, Емил Димитриев во образложението нагласи дека
станува збор за 24 ротација на македонски припадници во мисијата на ИСАФ во Авганистан која брои вкупно 157 припадници на Армијата.
Република Македонија ќе учествува во мисијата ИСАФ се до нејзиното завршување во 2014 година според определената динамика од НАТО. Учеството по 2014 година ќе се одвива во облик кој ќе биде дополнително определен од страна на државното раководство и НАТО.
XS
SM
MD
LG