Достапни линкови

Иран започна воена вежба во Персиски Залив


Иранските државни медиуми јавија дека морнарицата започнала вежби во Персискиот Залив, на иранскиот јужен брег, каде што поминува една третина од поморскиот транспорт на нафта во светот. Вежбата започнала рано изутрината со учество на бродови, подморници и авиони, а ќе трае до среда. Техеран се заканува дека ќе го затвори Хормускиот теснец, доколку биде нападнат. Во последнава година, во Персискиот залив, своето воено присуство го зајакнаа и Соединетите Држави.
XS
SM
MD
LG