Достапни линкови

Алкохол со метанол од Чешка стигна и во Полска


Во Полска починале најмалку 10 луѓе од труење со метил алкохол за време на божиќните празници. Труењето со алкохол било регистрирано во југозападниот дел на Полска, каде што други пет луѓе затруени со метанол се хоспитализирани. Полицијата соопшти дека во домот на две починати лица е пронајдена шише од водка за која се сомневаат дека во себе содржи висок процент на метанол. Се претпоставува дека алкохолот со отровната состојка доаѓа од Чешка каде што пред неколку месеци изби афера дека домашните произведувачи на жесток пријалок го разредувале со метанол поради лесна заработувачка.
XS
SM
MD
LG