Достапни линкови

Сакаашвили одби да амнестира 3 илјади затвореници


Грузискиот претседател Михаил Сакаашвили стави вето на законот со кој неговите опоненти од коалицијата„Грузиски сон“ бараат амнестирање на 3 илјади затвореници. Тој вчера ја исмеа одлуката со која 200 затвореници ќе бидат декларирани како политички затвореници,затоа што како што вели со тоа Грузија ќе добие имиџ на диктатура. Сакаашвили изјави дека луѓето кои биле ставени на листата за ослободување од затвор се осудени за педофилија, шпионирање во државата во интерес на Русија и воени офицери осудени за предавство. Критичарите твдрат дека дел од осудените се жртви политички прогон.
XS
SM
MD
LG