Достапни линкови

Иран размислува да дозволи проверка на Парчин


Иранскиот заменик министер за надворешни работи Хасан Каскави изјави дека можеби Техеран ќе им дозволи на инспекторите од Меѓународната агенција за атомска енергија да пристапат во воениот комплекс Парцин за кој ОН смеатаа дека изведува нуклеарни експерименти. Тој додаде услов за тоа е да се намали заканата и притисокот од меѓународната заедница. Во текот на минатиот месец на инспекторите од меѓународната агенција не им било дозволено да влезат во воениот комплекс при нивната посета на Техеран. Иран ги негира тврдењата на западните земји дека во нуклеарната програма која се спроведува во Парцин има воена намена.
XS
SM
MD
LG