Достапни линкови

Мубарак префрлен од затвор во воена болница


Соборениот поранешниот лидер на Египет Хосни Мубарак е префрлен од затвор во воена болница откако неговата здравствена состојба се влоши, јавува египетската државна телевизија. Мубарак беше однесен во истата болница каде што минатата недела ми правеа тестирања откако се повреди при падот во затворот. Тој е осуден на доживотна казна затвори поради одговорност за убиствата на стотици демонстранти за време на масовните протести против неговиот режим. 84 годишниот Мубарак владееше во Египет три децении.
XS
SM
MD
LG