Достапни линкови

Почина американскиот генерал што војуваше против Садам


Американскиот генерал Норман Шварцкопф кој ја предводеше меѓународната коалициска мисија во Кувајт за протерување на ирачките сили во 1991 година денеска почина. Тој почина на 78 годишна возраст во Флорида, каде што ја отслужи последната воена задача како шеф на американскиот централен командантен штаб. Поранешниот претседател Џорџ Буш во писмена изјава истакна дека тој и неговата сопруга Барбара длабоко жалат за загубата на Шварцкопф кој Буш го нарече „вистински патриот“. Во 1991 година за време на преседателствувањето на Буш, Шварцкопф стана познат по водењето на мисијата „Пустинска бура“ со која беше ослободен Кувајт од ирачката диктатура кои ја спроведуваа безбедносните сили на Садам Хусеин.
XS
SM
MD
LG