Достапни линкови

Истрага против опозициски лидери во Египет


Поранешниот шеф на Арапската лига Амр Муса

Поранешниот шеф на Арапската лига Амр Муса

Египетскиот јавен обвинител нареди истрага за обвинувањата дека опозициските лидери планираат соборување на претседателот Мухамед Морси. Западните новински агенции повикувајќи се на извори од истрагата, јавуваат дека главни осомничени се Мухамерд ел Барадеј кој е добитник на Нобелова награда за мир, поранешниот шеф на Арапската лига Амр Муса и Хамден Шабани. Последните двајца беа кандидати за претседател на Египет на изборите кои се оддржаа во јуни годинава. Истрагата доаѓа во месец кога се во пораст тензиите околу новиот устав во Египет кој е поддржан од исламските сојузници на Морси, но не и од опозицијата. Генералниот секретар на партијата на Ел Барадеј Емад Абу Гази изјави дека истрагата во основа е обид да се елиминираат политичките противници.
XS
SM
MD
LG