Достапни линкови

Обама бара разговори за донесување на буџетот за 2013


Белата куќа соопшти дека претседателот Барак Обама телефонски разговарал со конгресните лидери за продолжување на разговорите за САД да ја избегнат „фискалната бездна“. Обама им се јавил на лидерот на сенатското мнозинство Хари Рид, на спикерот на Претставничкиот дом Џон Бонер, на лидерот на републиканците во Сенатот Мич Меконел и на предводничката на демократите во Претставничкиот дом Ненси Пелоси. Обама вчера го прекина одморот на Хаваи и се врати во Вашингтон. Ако Белата куќа и пратениците не постигнат договор за новиот буџет до 31 декември на сила ќе стапи зголемување на даноците и намалување на расходите во вкупна вредност поголема од 600 милијарди долари што може да поттикне нова економска криза во САД.
XS
SM
MD
LG