Достапни линкови

logo-print

Пратенички прашања без опозиција и без новинари


Претставниците на медиумите денеска го исвиркаа претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и со извици „Уа!!!“ ја напуштија галеријата, револтирани од исфрлањето на новинарите од Собранието во понеделникот. Ова се случи во моментот кога Вељаноски ја отвораше седницата за пратенички прашања. Во меѓувреме спроти Собранието, опозициската СДСМ организираше импровизирана улична сесија со прашања до премиерот Груевски.

Со свирежи во знак на протест, претставниците на медиумите ја напуштија собраниската галерија на самиот почеток на седницата посветена на пратенички прашања. Протестот на новинарите беше насочен кон претседателот на собранието Трајко Вељаноски поради исфрлањето на новинарите во понеделникот од Собранието.
Се произнесов во јавноста уште истиот ден кога се случија тие настани и изразив жалење за непријатностите со кои се соочија новинарите. Потоа следуваше и објаснување од страна на претседателот на Собранието кое беше лиферувано во медиумите по писмен пат. Тој случај си има своја постапка и веројатно ќе има и завршница.

Премиерот Никола Груевски на прашањето од пратеникот на ДПА Имер Алиу што е преземено во овие неколку денови за да се откријат одговорните за отстранувањето на новинарите од Собранието, изјави дека е покрената постапка и дека истата ќе има завршница.

„Се произнесов во јавноста уште истиот ден кога се случија тие настани и изразив жалење за непријатностите со кои се соочија новинарите. Потоа следуваше и објаснување од страна на претседателот на Собранието кое беше лиферувано во медиумите по писмен пат. Тој случај си има своја постапка и веројатно ќе има и завршница.“

Груевски додаде дека жали и за она што им се случувало на новинарите надвор од Парламентот:

„Треба да се осудат таквите чинови од сите страни, како оние во Собранието, така и оние надвор од законодавниот дом, за кои би рекол дека беа слични, па дури и полоши, бидејќи имавме обид за напад на новинар од страна на градоначалник од опозицијата“, потенцира Груевски.

Алиу вели дека не е задоволен од одговорот, но додаде дека понеделничките случувања не се албанска битка и дека ДПА нема да се меша во политичкиот судир на македонската опозиција со власта.

„Не ме интересира дали ви е жал Вам или не, ова не е важно само за мене, туку и за јавноста. Прашањето е што сте презеле во овие четири дена? Конкретниот одговорен било кој и да е тој, да даде отчет за случајот на влечењето по земја на новинарите.“

Вељаноски, пак, во интервју за новинската агенција МИА изрази жалење за случувањата во Парламентот во понеделникот, но тврди дека бил приморан да го одржи редот во пленарната салa и да создаде елементарни услови за работа.

Во меѓувреме, во паркот спроти Собранието пратениците на СДСМ држеа своја седница за пратенички прашања под отворено небо. Покрај политичарите од коалицијата „Сојуз за иднината“ прашања до власт упатија и претставници на здруженија и невладини организации.
Од импровизирана седница, пратеникот од СДСМ Јани Макрадули изјави дека вистинскиот парламент е на улица затоа што прашањата нема да бидат порачани.
Од другата страна не знам дали пак има параполиција, но знам дека ќе има лош театар, нарачани прашања, само што нема да имаат потреба да си пишуваат ливчиња со кое прашање да го постават.

„Од другата страна не знам дали пак има параполиција, но знам дека ќе има лош театар, нарачани прашања, само што нема да имаат потреба да си пишуваат ливчиња со кое прашање да го постават. Денеска можеби ќе ги гледаат и снимките како параполицијата тепа пратеници, дами и господа пратеници, избраници на народот, се надевам повторно нечовечки ќе аплаудираат.“

Американскиот амбасадор во Македонија, Пол Волерс изрази загриженост поради политичките конфронтаци во изминативе неколку дена во Македонија.

Тој во писмена реакција истакна дека во една демократија нема место за насилни инциденти какви што се случија во и околу Собранието. Во соопштението од амбасадата е наведено дека е потребна храброст и зрел политички дијалог за да се адресираат политичките разлики и визија за да се погледне над теснопартиските интереси и да се унапредат интересите на земјата.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG