Достапни линкови

logo-print

СРД - Да им се овозможи на новинарите да работат


Претседателот на ЗНМ, Насер Селани, избркан од Собраниската галерија за време на седницата за носење на буџетот за 2013-та.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селани, избркан од Собраниската галерија за време на седницата за носење на буџетот за 2013-та.

Сите институции и политички субјекти да им овозможат на претставниците на медиумите непречено извршување на нивните професионални задачи, побара денеска Советот за радиодифузија преку соопштение, огласувајќи се за исфрлањето на новинарите од галеријата за известување на Собранието.

Советот за радиодифузија воедно истакнува дека се залага за слобода на изразување и за право на слободен прием и пренесување на информации, поради
што, според соопштението, уште еднаш ги упатува институциите и политичките субјекти на нивната обврска за јавност и транспарентност во работењето и ги повикува да го почитуваат правото на новинарите да ги извршуваат своите професионални обврски.
XS
SM
MD
LG