Достапни линкови

Селмани: Обид за злоупотреба на протестот на новинарите


Претседателот на Здружението на новинарите на Македонија Насер Селмани изјави дека имало обид да се злоупотреби денешниот протест на новинарите, известувачи од Собранието, и дека намерата на собраниските известувачи беше незадоволството да биде изразено цивилизирано и достоинствено.

„Ако некој сакаше да се солидализира со она што ни се случи мислам дека пристојно ќе беше да не прашаат кој е начинот на кој ние сакаме да го изразиме револтот. Тоа дефинитивно не беше. Од реакцијата од известувачите од Собрание сфатив дека најголемиот дел од нив не се согласуваат со начинот како некои новинари колеги кои не известуваат од Собранието ја злупотребија целата ситуација. Ние сме незадоволни, меѓутоа нашиот начин на изразување и незадоволство сакаме да биде цивилизирано и достоинствено“, изјави претседателот на ЗНМ.
XS
SM
MD
LG