Достапни линкови

Дневен печат - случувањата во Собранието од различен агол


Турканици меѓу власта и опозицијата на собраниската говорница.
Турканици меѓу власта и опозицијата на собраниската говорница.

Случувањата во и пред Собранието, бркањето на новинари од собраниската гaлерија и ставањето на штрајкот на лекарите во мирување, се најанализираните теми во дневните весници.

Меѓу мноштвото најразлични наслови во онлајн изданијата на весниците, кои во зависност од уредувачката политика се про и контра она што се случуваше во Собранието и пред него, се чини, дневниот Фокус ја погодува поентата како резултат на збиднувањата: „Убиство на демократијата - власта брутално го суспендира Парламентот“. На иста линија се и насловите во Ден, кој пишува: „Трајко со пуч сака да го протне буџетот“ и во дневниот Капитал: „Новинарите и опозицијата надвор, власта ќе го гласа буџетот како ништо да не се случува“.
Убиство на демократијата - власта брутално го суспендира Парламентот.
Фокус.

На друга страна се Дневник, Нова Македонија и Вечер: Дневник го цитира Груевски кој изјави дека „Бранко продолжува во стилот на Гадафи“ и „Нема политички цели што оправдуваат насилство - Црвенковски најавува сценарио на улица и граѓанска непослушност, а премиерот Груевски смета дека се работи за патолошка зависност од власт“. И соопштенијата на МВР и на ВМРО-ДПМНЕ наоѓаат место на страниците на истиот весник: „Спречувавме уривање на државниот поредок“ и „Не помина државниот удар на Црвенковски“.
Црвенковски сака власт без избори, за да го затвори македонското прашање - прашање на ден е кога неодговорни политичари или профитери ќе ги отворат старите рани на внуците на оние што биле страни во граѓанска војна. Дотолку е поголема одговорноста на оние од врвот на СДСМ што допрва сакаат да нè втурнат во таков судир.
Нова Македонија.

Нова Македонија навлегува подлабоко во обвинувањата: „Црвенковски сака власт без избори, за да го затвори македонското прашање - прашање на ден е кога неодговорни политичари или профитери ќе ги отворат старите рани на внуците на оние што биле страни во граѓанска војна. Дотолку е поголема одговорноста на оние од врвот на СДСМ што допрва сакаат да нè втурнат во таков судир“, пишува Нова Македонија. Вечер оди со наслов: „Кога опозиција гази полиција - Полицијата со видео-записи за дивеењето на СДСМ“ и „Нема дилеми - снимките и сликите покажуваат, СДСМ предизвика општа тепачка и непослушност“.

Информацијата за насилното отстранување на новинарите од местото од каде што ги следат седниците на Собранието, Утрински го насловува: „ЗНМ бара итен одговор кој ги избркал новинарите“ и „ЗНМ го прекина дијалогот со Владата“. Утрински ја објавува и реакцијата на ВМРО-НП нејзиниот лидер Георгиевски дека „Се случија преседани кои се реткост во светската демократија, а полицијата насила го одзеде мандатот на пратениците добиен на избори за кои гласале 370 000 граѓани“.

Весниците информираат и за ставањето на штрајкот на лекарите во мирување, по делумниот договор со Тодоров, а Утрински ни дава вест за нашата рубрика „Македонија и се' е можно“: „Пациентка оперирана од рак на дојка мора да го купува лекот кој чини 500 евра, бидејќи државата сè уште го нема ставено на листата која се покрива со здравствено осигурување“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG