Достапни линкови

logo-print

Премиерот Груевски го соопшти владиниот долг кон стопанството


Обраќање на премиерот Никола Груевски на средбата со бизнис заедницата и стопанските комори во септември годинава.

Обраќање на премиерот Никола Груевски на средбата со бизнис заедницата и стопанските комори во септември годинава.

Владата му должи на стопанството скоро 30 милиони евра, соопшти премиерот Никола Груевски. Тој рече дека неплатените обврски кон стопанството по рокот на доспевање имаат драстично намалување по преземањето на владините мерки.

Одговарајќи на пратеничко прашањe, премиерот информира дека на 16 септември, кога тој им вети на бизнисмените дека владата ќе им раздолжи што поскоро, неплатените обврски изнесувале 5 милијарди 560 милиони денари или околу 92 милиони евра, а во моментот изнесуваат 1 милијарди 815 милиони денари или околу 29,5 милиони евра.

Груевски рече дека владата останува на ветувањето дека овој проблем ќе биде елиминиран до крајот на февруари.
XS
SM
MD
LG