Достапни линкови

Нови 800 вработувања во здравството


Архивска фотографија: Министерот за здравство Никола Тодоров.

Архивска фотографија: Министерот за здравство Никола Тодоров.

Владата на последната седница на предлог на Министерството за здравство и со согласност на Министерството за финансии донесе одлука со која одобри вработувања на нови 800 лица во јавните здравствени установи и тоа со акцент на медицински сестри, лаборанти, медицински техничари, среден медицински персонал итн. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека станува збор за кадар кој сериозно недостига во јавните здравствени институции и кој тие го обезбедуваат преку ангажирање лица по договор или волонтери.
XS
SM
MD
LG