Достапни линкови

Брахими - Транзициона влада во Сирија до одржување избори


Меѓународниот пратеник за Сирија Лахдар Брахими.

Меѓународниот пратеник за Сирија Лахдар Брахими.

Меѓународниот пратеник за Сирија Лахдар Брахими бара транзициона влада со „целосни извршни овластувања“ да управува со Сирија до одржување на избори. Само со вистинска промена ќе се исполнат барањата на обичните Сиријци, рече Брахими во Дамаск на крајот од петдневната посета на Сирија. Тој се сретна и со претседателот Башар ал-Асад.

Претходно, портпаролот на руското министерство за надворешни работи Александар Лукашевич рече дека барањата за соборување на Асад се во спротивност со меѓународните договори постигнати во Женева пред шест месеци. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска во Москва се сретна со сиријскиот заменик министер за надворешни работи Фаисал Макдад. Брахими, пак, треба да се сретне со Лавров в сабота.

Пратеникот за Сирија исто така очекува наскоро да има заедничка средба со американски и руски претставници.
XS
SM
MD
LG