Достапни линкови

Попоски - Бојкотот од опозицијата е незрела одлука


Бојкотот на Собранието од опозицијата е незрела одлука и оди во прилог единствено на оние кои бараат изговор повеќе да ги попречат евроинтеграциите на земјата, оцени денеска министерот за надворешни работи Никола Попоски.

„Првата забелешка што кој било независен набљудувач од надвор би ја имал во врска со ова прашање би била незрелост, односно неположување на тестот по однос на свесноста дека во една демократија во рамки на институциите се решаваат определени несогласувања и проблеми“, рече Попоски пред собраниската
Комисија за надворешни работи каде имаше експозе за 2012 и активностите и приоритетите на МНР за 2013 година.

Според него, потегот на опозцијата е на штета на сите.

„Со таков пристап губиме сите, како од аспект на дебата во институциите, така и од аспект на перцепцијата која може да ја креираме надвор, а добиваат оние кои можеби имаат интерес да најдат изговор повеќе за неподдржување на таквите процеси“, рече Попоски.
XS
SM
MD
LG