Достапни линкови

Последици врз имиџот, но и врз економијата


Настаните кои започнаа од Собранието ќе се прелеат и во сферата на надворешната политика, но се и лоша порака за странските инвеститори кои се секогаш најзаинтересирани за сигурноста на својот капитал.
Настаните кои започнаа од Собранието ќе се прелеат и во сферата на надворешната политика, но се и лоша порака за странските инвеститори кои се секогаш најзаинтересирани за сигурноста на својот капитал.

Сликата од внатрешните случувања секогаш стасува и до оние кои размислуваат за инвестирање, а сликата во која се очигледни тензиите и отсуството на секаков вид на дијалог секако не влева оптимизам кај можните инвеститори и посетители на земјава, коментираат експертите.

Настаните кои започнаа од Собранието ќе се прелеат и во сферата на надворешната политика, но се и лоша порака за странските инвеститори кои се секогаш најзаинтересирани за сигурноста на својот капитал. Првите пораки однадвор веќе пристигнаа, вели аналитичарот Исмет Рамадани, а јасно е и дека во ваква состојба власта не може да ги исполнува превземените обврски кон меѓународните организации кон кои се стремиме.
Меѓународните институции, конкретно Европската унија и Европскиот совет ни дадоа уште една можност да направиме нешто повеќе во врска со името, во врска со одредени работи, така што во една ваква ситуација ги губиме тие шанси.
Исмет Рамадани, аналитичар.

„Меѓународните институции, конкретно Европската унија и Европскиот совет ни дадоа уште една можност да направиме нешто повеќе во врска со името, во врска со одредени работи, така што во една ваква ситуација ги губиме тие шанси.“
Премиерот Никола Груевски присуствува на почетокот на изградбата на фабрика за автобуси од белгиската компанија „Ван Хол“
Премиерот Никола Груевски присуствува на почетокот на изградбата на фабрика за автобуси од белгиската компанија „Ван Хол“

Тоа значи дека во наредниот период можеме да очекуваме претежно критики од страна на меѓународната заедница, вели Рамадани.

Сликата од внатрешните случувања секогаш стасува и до оние кои размислуваат за инвестирање, а сликата во која се очигледни тензиите и отсуството на секаков вид на дијалог секако не влева оптимизам кај можните инвеститори и посетители на земјава, коментира професорот Зоран Ивановски.

„Она што ги привлекува инвеститорите тоа е стабилност, политичка умерена констилација на односите и чувството за прогрес и напредок на државата, така да и секојдневното работење на институциите значат плус или минус кога се донесува некоја економска одлука.“

Веќе и без тоа сериозно отежнатата економска сстојба во земјата поради кризата во еврозоната , политичките состојби ја комплицираат и го доведуваат под голем прашалник остварувањето на планските проекции, додава Ивановски.

Проектираната стапка на раст од 2,5 проценти веќе и без тоа според проекциите на Светската банка и на аналитичарите се сведува на 1 процент, но продлабочувањето на политичката криза лесно ќе не донесе и до веќе постоечките стравувања дека годината што доаѓа ќе ја завршиме со стагнација или негативна стапка на раст,предупредуваат економистите.
XS
SM
MD
LG