Достапни линкови

Египетската опозиција ги продолжува протестите


Мухамад Морси го потпишува новиот Устав на Египет.
Мухамад Морси го потпишува новиот Устав на Египет.

Главната опозициска група во Египет најави продолжување на протестите против претседателот Мухамад Морси и новиот исламистички Устав. Опозицијата го минимизираше и повикот на Морси за национален дијалог, изразувајќи сомневање во неговата искреност.

Египетскиот опозициски Фронт за национален спас соопшти дека ќе се држи до сопствената политика на мирни протести против владата на претседателот Мухамад Морси која ја обвинува за обид да го исползува исламот за да создаде недемократска држава.

Опозицијата смета дека Уставот не ги гарантира демократските слободи и правата на жените и на малцинствата. Затоа Фронтот ги повика Египќаните да започнат протести против новиот Устав на 25 јануари што ќе биде и своевидно одбележување на две годишнината од револуцијата со која беше соборен режимот на претседателот Хосни Мубарак.

Во Египет дел од граѓаните остануваат загрижени за натамошниот развој на политичката ситуација.
Ние сме многу тажни и никогаш не посакувавме ваква ситуација, да владее само една политичка група. Сакавме да има единство, на ист начин кога пред две години кога ја почнавме револуцијата. Тогаш немаше ни Муслиманско братство, ни либерали, сите бевме заедно. Не знам што ни се случи за да бидеме поделени на ваков начин и да дозволиме да владее само една група. Па тогаш која е разликата меѓу Муслиманското братство и Националната демократска партија на Хосни Мубарак?
Жителка на Каиро.

„Ние сме многу тажни и никогаш не посакувавме ваква ситуација, да владее само една политичка група. Сакавме да има единство, на ист начин кога пред две години кога ја почнавме револуцијата. Тогаш немаше ни Муслиманско братство, ни либерали, сите бевме заедно. Не знам што ни се случи за да бидеме поделени на ваков начин и да дозволиме да владее само една група. Па тогаш која е разликата меѓу Муслиманското братство и Националната демократска партија на Хосни Мубарак?“, вели една неименувана жителка на Каиро.

Претседателот Морси во средата и официјално го потпиша Уставот откако Изборната комисија утврди дека околу 64 насто од граѓаните гласале за него.

Одѕивот на референдумот беше околу 33 проценти од 52 милиони жители со право на глас. Морси оцени дека Уставот ќе донесе стабилност во земјата

„Поради резултатот на референдумот, со цел изградба на земјата ние мора да се здружиме и затоа дијалогот е од исклучителна важност. Ние, во рамките на тој дијалог на национално единство успешно ќе се соочиме со предизвиците“, рече Морси во првото телевизиско обраќање откако беше усвоен новиот Устав при што ги отфрли и обвинувањата на опозицијата дека за време на референдумот имало голем број неправилности.

Тој притоа спомна дека Египет веќе е втора Република. Посматрачите објаснуваат дека со тоа Морси сакал да каже дека и е ставен крај на првата република, прогласена во 1952 година кога со пуч беше отфрлен тогашниот крал.

Морси исто така вети дека ќе направи измени во владата со цел подобро справување со економските проблеми во земјата која веќе две години се наоѓа во постојана политичка нестабилност.

Вчера вредноста на египетската валута падна на најниско ниво спрема американскиот долар во изминативе осум години.

Повеќето Египќани почнаа забрзано да купуваат долари и да ги повлекуваат своите заштеди од банките поради загриженоста дека вредноста на египетската валута ќе паѓа и натаму.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG