Достапни линкови

logo-print

Повик за пристојно однесување на Фејсбук


Ренди Цукерберг

Ренди Цукерберг

Сестрата на Марк Цукерберг, коосновачот на Фејсбук, се пожали откако една фотографија која би требало да ја видат само оние што и се пријатели на социјалната мрежа била јавно дистрибуирана. Ренди Цукерберг веројатно по грешка не ја заштитила фотографијата на која нејзиниот брат е во кујна со семејството и таа јавно била раменета на Твитер. „Секогаш треба да барате дозвола пред да постирате фотографии на пријатели во јавноста. Станува збор за пристојност“ пишува Ренди на Твитер. Критичарите сметаат дека поставките за приватност на Фејсбук се збунувачки за многумина кои ја користат оваа социјална мрежа и оти тоа некогаш резултира со јавно постирање на контроверзни содржини.
XS
SM
MD
LG