Достапни линкови

Буџетска драма - Кривични пријави и закани


Ќе има пукање, вели Зоран Заев. За ВМРО-ДПМНЕ - доказ дека СДСМ сака државен удар. Заев тврди дека мислел на пукање од власта.

Ако досега некој имаше сомнеж дека СДСМ планира државен удар, сега веќе сите се уверија, реагира владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, потпретседателот на СДСМ и градоначалник на Струмица Зоран Заев потврдил дека СДСМ има намера да пука. СДСМ е спремен да излезе на улица, но не да протестира, туку за да пука, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Во наредниот период ќе поднесеме кривични пријави за сите државни функционери кои учествуваа во партиско полицискиот пуч, кој беше спроведен во Собранието на Република Македонија. Нашиот правен тим, прави сериозна анализа, ги разгледува сите околности за утврдување на фактите.

Порталот Нетпрес претходно објави телефонски разговор со Заев, во кој тој вели дека СДСМ ќе ги бојкотира локалните избори и оти ќе нема избори, а ако власта одлучи да ги организира без опозицијата, тогаш „ќе има пукање“. Новинарот на Нетпрес му се претставил на Заев како шеф на општинската организација на СДСМ од Крива Паланка.

Заев, пак, реагира дека навистина рекол така, но мислел на пукање од страна на власта, а не од опозицијата.

„После она што се случи во понеделникот пред собранието, но и во парламентот, јас очекувам сега навистина да пукаат по нас. Тоа беше смислата на она што го кажав“, вели Заев во соопштението испратено од Општина Струмица.
Инсистираме да се отвори постапка и да се санкционира. Слична постапка бараме и за припадниците на обезбедувањето коишто беа вмешани во користењето на насилство врз новинарите во Собрание.

Тој најави кривична пријава за неовластено снимање против Нетпрес.

Во меѓувреме, опозицијата и власта поднесоа кривични пријави против дел од инволвираните во инцидентите во понеделникот. Здружението на новинарите, пак, поднесе претставки, додека претставници на власта изразија жалење за тоа што на медиумските работници не им беше овозможено да ја проследат седницата во понеделникот.
Претседателот на ЗНМ, Насер Селани, избркан од Собраниската галерија за време на седницата за носење на буџетот за 2013.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селани, избркан од Собраниската галерија за време на седницата за носење на буџетот за 2013.


На првиот протестен марш на опозицијата во вторникот настана инцидент кој го осудија од Фронтот на народот, фронт за Македонија. Од таму велат дека пензионерот кој сакал да добие одговор за протестите, добил тупаници.
Изразивме жалење и се надеваме дека во еден дијалог и комуникација меѓу Собранието како институција и претставниците на новинарите и новинарите како личности и како професија ќе се надминат овие недоразбирања коишто очигледно се имаат случено.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека од видео снимките од инцидентите пред Собранието во понеделникот биле идентификувани три лица против кои биле поднесени прекршочни пријави.

Тужби најави и опозицијата. Ана Павловска Данева од СДСМ изјави дека кривични пријави ќе се поднесат против државни функционери.

„Во наредниот период ќе поднесеме кривични пријави за сите државни функционери кои учествуваа во партиско полицискиот пуч, кој беше спроведен во Собранието на Република Македонија. Нашиот правен тим, прави сериозна анализа, ги разгледува сите околности за утврдување на фактите.“

Претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани по поднесувањето на претставките, изјави дека се бара идентификување на лицата кои насилно ги спречиле новинарите да ја проследат собраниската седница.

„Инсистираме да се отвори постапка и да се санкционира. Слична постапка бараме и за припадниците на обезбедувањето коишто беа вмешани во користењето на насилство врз новинарите во Собрание.“

Откако собраниската прес-служба соопшти дека новинарите биле замолени да ја напуштат галеријата во собранието, претседателот на законодавниот дом Трајко Вељаноски изрази жалење за настанот, посочувајќи дека одлуката ја донело надлежното собраниско обезбедување за да не дојде до поголем инцидент. Жалење изрази и владиниот портпарол Александар Георгиев.

„Изразивме жалење и се надеваме дека во еден дијалог и комуникација меѓу Собранието како институција и претставниците на новинарите и новинарите како личности и како професија ќе се надминат овие недоразбирања коишто очигледно се имаат случено.“

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG