Достапни линкови

МВР поднесе три прекршочни за инцидентите пред Собранието


Министерството за внатрешни работи поднесе прекршочни пријави против тројца учесници на протестите на опозицијата пред Собранието во понеделникот. МВР денеска соопшти дека во моментот „кога групата почнала да ги урива безбедносните огради и да ги турка и гази полициските службеници, загрозувајќи ја нивната безбедност, единаесет припадници на полицијата се здобија со повреди од различен карактер“. Се работи и на прибирање информации и идентификување на лицата кои се наоѓаа во непосредна близина на градоначалникот на општина Карпош и физички нападнаа граѓанин, соопштува МВР.

Полицијата соопштува дека денеска е пријавен и инцидентот во кој физички беше нападнат повозрасен граѓанин од страна на лице присутно на синоќешниот протест во центарот на Скопје, но оти засега напаѓачот не е идентификуван. Нему ќе му биде поднесена кривична пријава за насилство.

МВР најави дека ќе продолжи да работи на идентификување на сите учесници во насилните инциденти и по документирањето на случаите, против сите инволвирани ќе следуваат соодветни пријави.
XS
SM
MD
LG