Достапни линкови

Еротското наспроти политичкото на изложбата на карикатури во „Остен“


До крајот на јануари наредната 2013 година, во галеријата „Остен“ во Скопје, ќе се одвиваат две изложби – Годишната изложба на македонските карикатуристи и самостојната постановка на Мирослав Георгиевски – Миро насловена како „Еротски карикатури“.

„Остен“, како препознатлив бренд во областа на карикатурата продолжувајќи да ја одржува традицијата на организирање на годишна изложба на македонските карикатуристи овојпат претставува 60-тина дела на веќе афирмираните автори Драган Поповски, Кети Радевска, Томе Секуловски, Петар Јанков, Сунчица Божиновска, Мирко Трајановски, Ристо Филчевски, Блаже Докулевски, Тоде Блажевски и Никола Коле Ангеловски. Организаторите на оваа групна изложба истакнуваат дека карикатурата е специфична изразна форма на уметнички и мисловен израз кој има голема традиција во Република Македонија и дека на овој начин, во доменот на нивната моќ, тие се обидуваат да го стимулираат овој вид творештво.
Сум имал прилика да го видам она што го цртале во 19 и на почетокот на 20 век и тоа големи уметници. Доволно е да кажам дека еден Тулуз Лотрек има стотици карикатури на тема еротика. Тука е и еден познат австриски уметник и карикатурист кој што нацртал 20-тина карикатури и тие биле изложени во ординацијата на Фројд токму заради тоа да ги видат луѓето и да се ослободат и да си го кажат она што длабоко во себе го мислат за еротиката и најпосле за сексот.

Од друга страна, наспроти оваа групна постановка во рамките на која се поместени карикатури на најразлични теми, паралелно ќе се одвива четвртата самостојна изложба на Мирослав Георгиевски Миро насловена како „Еротски карикатури“. Говорејќи за неа, тој вели дека толку многу ние Македонците во последно време сме оптеретени со политика што решил да се стегне и на направи 40-тина нови карикатури и да и ги дари на публиката во пресрет и околу новогодишните и празници.
Македонскиот карикатурист Мирослав Георгиевски – Миро.

Македонскиот карикатурист Мирослав Георгиевски – Миро.


„Сум имал прилика да го видам она што го цртале во 19 и на почетокот на 20 век и тоа големи уметници. Доволно е да кажам дека еден Тулуз Лотрек има стотици карикатури на тема еротика. Тука е и еден познат австриски уметник и карикатурист кој што нацртал 20-тина карикатури и тие биле изложени во ординацијата на Фројд токму заради тоа да ги видат луѓето и да се ослободат и да си го кажат она што длабоко во себе го мислат за еротиката и најпосле за сексот.“

Роден 1946 година, Мирослав Георгиевски Миро е машински инженер по професија кому през годиниве карикатурата, стрипот и дизајнот му биле повеќе од хоби. Работел како уредник за карикатури во сатиричното списание „Остен“, а неколку години цртал и стрип за весникот „Нова Македонија“. Во последно време објавува дневна карикатура во весникот „Дневник“, а за сопственото творештво добитник е над четириесеттина награди на сите континенти.

Има објавено и една книга со карикатури на тема „стари народни песни“, а забележува дека сега кога во нашава земја властите на сиот глас ја пропагираат акцијата за „многудетство“ е вистинскиот момент овие негови еротски карикатури да бидат окоричени во публикација зад која би застанала државата.

„Би бил добар пропаганден потег кога државата би решила да ми ја финансира таа книга“, истакнува Георгиевски, дополнувајќи дека изложбата би било убаво да ги прошета сите градови од Македонија затоа што се работи за материјал што треба да се види, посебно како што вели „од аспект на рекламирањето на владините акции“.

Инаку, Георгиевски со жалење знае да каже дека поминаа златните времиња на сатирата и карикатурата кај нас.

„Овдека е борба со нешто повулгарно и оштро, а ние сепак сме луѓе кои што сакаме во една поблага форма да кажеме се’ што треба да се каже.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG