Достапни линкови

СДСМ најави кривични пријави за инцидентите во Собранието


Опозицискиот СДСМ денеска најави дека ќе поднесе кривични пријави за сите државни функционери кои, како што оценува, „учествувале во партиско-полицискиот пуч што бил спроведен во Собранието“.

Потпретседателката на партијата Ана Павловска-Данева вели дека фактите што досега биле неспорни создавале основани сомневања дека претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, со преземање одредени дејствија го прекршил Уставот, Законот за Собрание и Деловникот за работа на Собранието.

„Одговорноста е кај Трајко Вељаноски и Гордана Јанкулоска како директно надлежни“, рече Павловска Данева.

Според неа, остранувањето на новинарите од страна на обраниското обезбедување е прекршување на член 70 од Уставот.
XS
SM
MD
LG