Достапни линкови

logo-print

Грција го намалува ДДВ за угостителството?


Грчката министерка за туризам Олга Кефалојани изјави дека Владата ќе се обиде да го намали ДДВ-то за рестораните, кафулињата и баровите, објави електронското издание на весникот „Катимерини“. Данокот беше зголемен на 23 отсто од Владата на ПАСОК во рамки на напорите за зголемување на даночните приходи, но падот на побарувачката доведе до негативни резултати. Се проценува дека прометот во прехранбениот сектор и во кетерингот се намалил за околу 40 отсто. Лидерот на Нова демократија Андонис Самарас, кој е актуелен премиер, во предизборната кампања вети дека ќе ја намали ставката на ДДВ-то за угостителските објекти.
XS
SM
MD
LG