Достапни линкови

Одобрена забраната Американци да посвојуваат руски деца


Советот на федерацијата, Горниот дом на рускиот парламент.

Советот на федерацијата, Горниот дом на рускиот парламент.

Горниот дом на рускиот парламент, Советот на федерацијата, едногласно го одобри контроверзниот закон со кој им се забранува на државјани на САД да посвојуваат руски деца. Законот ќе стапи во сила, ако добие потпис од претседателот Владимир Путин. Законот го предложија руски пратеници како одмазда на тоа што САД донесоа закон за воведување санкции за руски државјани што се поврзуваат со кршење на човековите права. Овој закон во САД е познат како Актот Магњицки, наречен така по антикорупцискиот адвокат Сергеј Магњицки кој во 2009 година почина во затвор во Москва. Критичарите на рускиот закон велат дека тој ги лишува сираците од можноста да ги напуштат руските сиропиталишта во кои често живеат во лоши услови.
XS
SM
MD
LG