Достапни линкови

Тодоров и лекарите ги израмнија сметките


Министерот за здравство Никола Тодоров и синдикалните лидери во здравството д-р. Дејан Ставриќ од Самостојниот синдикат на Клинички центар и д-р Љубиша Каранфиловски од Гранковиот синдикат за здравство на прес-конференција во Скопје на 19 декември 2012.

Министерот за здравство Никола Тодоров и синдикалните лидери во здравството д-р. Дејан Ставриќ од Самостојниот синдикат на Клинички центар и д-р Љубиша Каранфиловски од Гранковиот синдикат за здравство на прес-конференција во Скопје на 19 декември 2012.

Штрајкот на лекарите е ставен во мирување. До петок треба да се потпише и договорот со кој се надминуваат проблемите кои доведа до штрајк на лекарите.

До крајот на неделата специјалистите очекуваат да го потпишат анексот на колективниот договор со министерот за здравство Никола Тодоров, откако по вчерашната средба двете страни успеаа да најдат заеднички јазик. Специјалистите своето ветување го исполнија штрајкот да биде ставен во мирување, а на потег е Тодоров. Претседателот на синдикатот на Клиничкиот центар Дејан Ставриќ вели дека постигнале договор за нивните основни барања. Во однос на моделот плаќање по учинок, неговото модифицирање ќе се извршува во наредните три месеци.
Доработување на моделот со цел да се воведат квалитативни критериуми, како едно од нашите основни барања по однос на моделот, значи да биде пред се квалитативен , а не квантитативен и бодовникот на моделот да се изработи, за тоа е потребо досна време. На иницијатива на синдикатот ќе имаме и странски стручњаци, кои како експерти ќе учествуваат во таа изработка.

„Доработување на моделот со цел да се воведат квалитативни критериуми, како едно од нашите основни барања по однос на моделот, значи да биде пред се квалитативен , а не квантитативен и бодовникот на моделот да се изработи, за тоа е потребо доста време. На иницијатива на синдикатот ќе имаме и странски стручњаци, кои како експерти ќе учествуваат во таа изработка.“

Според Ставриќ променети се и критериумите за наградување и казнување и воспоставени се дополнителни механизми за проценката на работата на специјалистите. За платите пак се договориле да им бидат зголемени за 19, 2 насто во текот на следната година.
Протестен марш на лекарите специјалисти од Клинички центри од Македонија пред Владата на Република Македонија

Протестен марш на лекарите специјалисти од Клинички центри од Македонија пред Владата на Република Македонија


„Прашањето за платите останува отворено, со тоа во моментот е таа ситуација, а во април, мај после изборите продолжуваме за покачување на платите кои може да се случат во 2014-та. “

Од Министерството за здравство велат дека анексот ќе биде потпишат до петок. Ставриќ очекува договореното Тодоров да го спроведе.

„Потпишувањето на договорот ќе биде до крајот на неделава, а спроведувањето е друга работа. Очекуваме да биде спроведен, доколку не биде спроведен, тоа е кршење на законот од друга страна.“

Декемвриската плата договорено е да биде исплатена во целост, а за ноемвриската, судски ќе се решава, бидејќи специјалистите остануваат на ставот дека неосновано е намалена. Со министерот се договориле и да бидат укинати рекламите во медиумите за плаќањето по учинок.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG